Кирил Пејчиновиќ


Free Web Hosting with Website Builder
Кирил Пејчиновиќ
македонски просветител
Роден 1771
Теарце, Тетовско
Починал 12 март 1845
Лешочки манастир, Лешок, Тетовско

Кирил Пејчиновиќ - Тетоец (1771 - 1845) е просветителски автор кој сите свои дела ги напишал на народен јазик и заедно со Јоаким Крчовски ја претставуваат првата генерација писатели на современа македонска книжевност од 19 век.

Содржина

Биографија

Пејчиновиќ е роден во тетовското село Теарце во 1771 година. Првите почетоци од неговото образование биле во селото Лешок, а потоа продолжил во Дебарскиот манастир "Свети Јован Бигорски". Меѓутоа, потоа татко му решава да го продаде имотот во Теарце и со него и со неговиот чичко одат во Света Гора каде се замонашуваат. По извесно време Кирил се вратил во Тетово, а оттаму заминува во Кичевскиот манастир "Света Богородица Пречиста".

Во 1801 година Пејчиновиќ станал игумен на Марковиот манастир, кој решил да го обнови. Манастирот бил речиси уништен, меѓутоа Кирил успеал да издејствува помош од верниците, па конаците и манастирот биле обновени. Во наредните 17 години (до 1818 година), тој се занимавал со обновувањето и истовремено оформил манастирска библиотека од собраните ракописи од претходниот век. Додека престојувал во Марковиот манастир ја напишал неговата прва книга Книга сија глаголемаја Огледало, која била отпечатена во 1816 година во Будим. По дваесет години минати во манастирот, под притисок на грчкиот владика од Скопје, го напуштил Марков манастир и се вратил во родното Теарце. Го обновил Лешочкиот манастир со помош на богатите верници и отворил училиште во кое ги подучувал младите и старите. Патувал и како проповедник собирајќи книги и пишувајќи сопствени текстови. Кирил Пејчиновиќ умрел на 12 март 1845 година во Лешочкиот манастир и е погребан во црковниот двор.

Книжевната дејност на Пејчиновиќ

Пејчиновиќ зад себе оставил три книги: првата е Книга сија глаголемаја Огледало, втората е Утешение грешним и последната е Житие на кнез Лазар, од кои отпечатени му се првите две. Делото Житие на кнез Лазар е всушност последната хагиографија во македонската и во јужнословенската книжевност, воопшто. Освен ова, Пејчиновиќ напишал и еден епитаф во кој е сместена целата негова биографија и денеска претставува надгробен натпис на Кирил во манастирот во Лешок.

Првата книга на Пејчиновиќ

Првата страница на Огледало.

Огледало (1816,Будим) е првата книга на овој наш просветител. Таа е неопходна книга - прирачник за свештеникот при вршење на верските обреди. Првиот дел го сочинуваат молитви и верско-обредни текстови на црковнословенски јазик со македонски народни црти, а вториот дел го сочинуваат беседите напишани на тетовски говор со елементи на скопскиот и други македонски говори. Во првиот дел од книгата, Пејчиновиќ дава коментари на Библијата, а во вториот, во беседите, поучува и критикува. Ги напаѓа суеверието и паганските обичаи на народот. Во овој текст, Пејчиновиќ мошне интересно ја поистоветува верата со народноста. И тој како и Крчовски, ги критикува своите колеги-поповите. Им забележува дека себично се здружиле со Турците и го измачуваат сопствениот народ. Неговата просветителска насоченост се согледува во пропагандата на книгите.

Современите бугарски стремежи насочени кон културното и историско наследство на Република Македонија не го одминуваат ни Пејчиновиќ. Имено, бидејќи на првата страница од книгата Огледало стои дека книгата е напишана ради потреби и ползованија препростејшим и не книжним јазиком Болгарским долнија Мисии..., БАН тврди дека тоа е израз на националната освестеност на тогашните народни маси од Македонија како Бугари. Сепак, самиот Пејчиновиќ, а и неговиот современик Крчовски го опишуваат тогашниот словенски народ од Македонија како христијани по род, односно како што и самите пишуваат рода христианскаго. Интересно е дека Пејчиновиќ во својата втора објавена книга пишува дека таа е напишана на простиј јазик, без додавање на болгарскиј, што уште еднаш укажува на тоа дека во овој период е зачетокот на националното освестување кај македонските Словени.

Втората книга на Пејчиновиќ

Првата страница од Утешение грешним.

Втората книга на Пејчиновиќ е Утешение грешним (1840, Солун) која, иако е продолжение на првата книга, има повеќе значења. Книгата е составена од два дела - молитви и беседи. Пејчиновиќ оваа книга му ја испратил на кнез Милош во Србија, надевајќи се на помош за печатење од христијанскиот владетел. Црковната цензура не го дозволила печатењето на оваа книга (содржела бројни турцизми, а и тетовскиот говор пречел), па Пејчиновиќ, обесхрабрен, сторил напори да се обнови солунската печатница на Теодосија Синаитски. Конечно, на теренот на кој живеел македонскиот народ се отпечатила првата книга на македонски народен говор.

Во делото е поместен предговорот на издавачот (на Теодосија Синаитски). Текстот го содржи Нифонтовиот тропар,кој содржи различни молитви, приказната за војникот Таксиот кој воскреснал од мртвите, а најобемниот и најоригиналниот дел од оваа книга е Поуката за бракот. Како извори за оваа книга послужиле различни беседи на Илија Минијат, Софрониј Врачански и делата на Јоаким Крчовски.

Значењето на Кирил Пејчиновиќ

Кирил Пејчиновиќ, речиси полуписмен калуѓер, е многу значаен културен деец во нашата историја. Неговите книги напишани на народен јазик, иако не сосем чист, туку со примеси од црковниот и со турски зборови, биле примени од народот со задоволство бидејќи ги разбирал и читал. Нивното печатење било овозможено со помош на македонските занаетчии и трговци. Така се создал поттик и интерес среде народот за книга на народен јазик што ќе биде од далекусежни последици за развитокот и усвојувањето на народниот јазик во писмениот говор во натамошните децении.

Значењето на "Слово на празниците" на Пејчиновиќ

Оригиналната проповед Слово на празниците на Кирил Пејчиновиќ најсилно ни ги претставува неговите погледи. Оваа проповед се отклонува од традицијата со тоа што проповедите обично поаѓаат од "книшки" (од Библијата), пример кој потоа може да се догради со примери од животот. Оваа проповед своите примери ги зема од животот, па честопати неговите повикувања на одредена ситуација ни откриваат некое конкретно однесување на нашиот народ од почетокот на минатиот век. Всушност во текстовите на Пејчиновиќ се согледуваат болните вистини за заостанатоста на народот во неговото време.

Кирил Пејчиновиќ во своето дело, со воведување на народниот јазик, но и со животот во кој доследно живеел живот на народен учител кој подучува, оставил скапоцен придонес во македонска култура. Со просветителските идеи за собирање книжно наследство, за пишување и печатење книги на јазик кој ке биде разбирлив станува голем културен деец на македонското просветителство.

Епитафот на Пејчиновиќ

во 1835, Пејчиновиќ за себе составил надгробен натпис (епитаф) во облик на стихотворба. Ова е најраниот познат авторски пример на пишување стихови на народен говор во развитокот на македонскиот јазик. Епитафот гласи:

Теарце му негово рождение
Пречиста и Хилендар пострижение
Лешок му е негоо воспитание
Под плочава негоо почивание
От негово свое отшествие
До Христово второ пришествие
Молит вас бракя негои любимия
Хотящия прочитати сия
Да речете Бог да би го простил
Зере у гроб цръвите ги гостил

Овде лежи
Кирилово
тело
У манастир
и у Лешок
село
Да Бог за
доброе
дело

Училишта чиј патрон е Кирил Пејчиновиќ

Надворешни врски








Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History