Македонски јазик


Free Web Hosting with Website Builder
Македонски јазик
Зборуван во: Македонија, Грција, Бугарија, Србија, Црна Гора, Албанија, Шведска, Германија, САД, Канада, Австралија и други земји 
Регион: Балкан
Вкупно зборувачи: 2 - 3 милиони 
Ранглиста: 180 (мајчин)
Јазично семејство: Индоевропско
 Словенско
  Јужнословенско
   Источнојужнословенско
    Македонски јазик 
Писмо: Македонска азбука 
Официјален статус
Официјален јазик во: Македонија Република Македонија
признат како малцински јазик во делови од:
Албанија Албанија[1]
Знаме на Косово Косово[2]
Србија
Романија Романија
Регулиран од: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Јазични кодови
ISO 639-1: mk
ISO 639-2: mac (B)  mkd (T)
ISO 639-3: mkd 

Земји со значаен број на говорители на македонски.
(Кликнете на сликата за да ја видите легендата)

Македонскиот јазик спаѓа во источната група на јужнословенски јазици, и е службен јазик во Република Македонија. Македонскиот јазик е исто така службен во реонот на Корча во Албанија каде што живее бројно македонско население. Македонски се зборува и во Австралија, Албанија, Бугарија, Грција, Канада, САД, Србија, Црна Гора, Турција и во некои земји−членки на Европската Унија. Вкупниот број на македонски говорници е околу 2,5 до 3 милиони луѓе.

Според респектираниот лингвистички извор Etnologue, македонски се зборува и во југоисточниот дел на Бугарија, но нема податоци за бројот на луѓето. Сличен став имаат и BBC, Britannica и UNESCO.

Кога се зборува за Македонците како етничка група и македонскиот јазик, треба да се има предвид дека јазикот (т.е. потекло или класификација на јазикот) не соодветствува секогаш со етничкото потекло на еден народ. Македонскиот јазик спаѓа во групата на словенските јазици, а потеклото на Македонците како народ не е целосно словенско (в. Антрополошки карактеристики).

Содржина

Кодификација

Кодификацијата на македонскиот јазик е поврзана со следниве историски настани:

Македонската државност се зацврстува со историските решенија на Првото заседание на АСНОМ. Меѓу тие решенија од особено значење е Решението за воведување на македонски литературен јазик како службен во македонската држава.

Исто така, Президиумот на АСНОМ, како највисоко тело на македонската држава, во ноември 1944 година назначил комисија составена од македонски филолози и од општествени дејци кои требало да поднесат предлог за азбука и за правопис на македонскиот јазик. Прашањето за азбуката и правописот се решило во мај 1945 година. Заедно со ова прашање, членовите на комисијата разгледале повеќе прашања од особено значење за оформувањето на македонскиот литературен јазик.

Кодификацијата на македонскиот литературен јазик ја одразува македонската јазична практика. Блаже Конески има значаен придонес за кодификацијата на македонскиот литературен јазик и за стандардизацијата на литературнојазичната норма.

Македонскиот јазик има сличности со другите словенски јазици, а најмногу со бугарскиот и српскиот јазик. Македонскиот и бугарскиот јазик се единствените од групата на словенски јазици кои со текот на развојот ги изгубиле падежните форми,а од нив останат е само Вокативот (Македонијо; мајко; професоре и т.н.) како и во некои зборчиња (него; нему; скришум и т.н.).

Решение за македонската азбука, донесено на 5 мај 1945 година

Карактеристични особини

Карактеристични особини на македонскиот јазик се:

  • немањето падежи т.е. аналитичката деклинација преку користењето на предлозите при искажувањето на различни граматички поврзаности помеѓу различни делови на реченицата (на книгата; за книгата; во книгата; под книгата; со книгата)
  • третосложниот акцент (`планина; пла`нината; плани`нарите)
  • двоен предмет (него го видов; неа ја сакам)
  • минато време со помошниот глагол ИМА (имам видено; немам јадено)
  • минато време со помошниот глагол СУМ + глаголска придавка (не сум сменет; не сум јаден)
  • минато-идно време (Те отепав, кога ќе те фатам!)

Дијалекти на македонскиот јазик

Карта на македонските дијалекти

Дијалектите на македонскиот јазик се вариации на стандардниот литературен јазик. Македонскиот јазик брои околу 27 дијалекти поделени во три главни групи. Главната граница помеѓу двата блока источните и западните дијалекти е планината Скопска Црна Гора, продолжува со реката Вардар па се до Егејското Море (или Бело Море). Главна особина за западните дијалекти е поспориот тоналитет на дијалектите, користење на тројниот член и акцентот паѓа на третиот слог од крајот на зборот. Заедничка особина за источните дијалекти е побрзиот тоналитет на зборење, кратење на зборови и променлива позиција на акцентот. Дијалектите се зборуваат на цела територија на Република Македонија, Пиринска Македонија, Егејска Македонија (Беломорска Македонија), Мала Преспа и Голо Брдо и Јужна Србија. Македонскиот јазик, со сите негови дијалекти Има над 3 милиони говорници.


Ортографија

Главна статија: Македонски писма.
„За македонцките работи“, издадена 1903 година во Софија

Низ историјата и низ својот развој, македонскиот јазик користел неколку писма за пишување. Така, македонскиот јазик користел повеќе писма меѓу кои: старомакедонската азбука, глаголицата, црковнословенската кирилица, илинденската азбука и преродбеничката азбука. Денес македонскиот јазик користи македонска азбука, односно кирилична азбука приспособена на македонскиот фонетички и фонолошки систем. Македонската азбука е базирана на реформите и азбуката на Крсте Петков Мисирков.

Азбука

Главна статија: Македонска азбука.

Македонската азбука е официјалната азбука во Република Македонија и единствено писмо за пишување на јазикот. Азбуката е базирана на кирилицата со мали прилагодувања базирани на фонетскиот и фонолошкиот систем на јазикот. Азбуката има 31 буква и е базирана на преродбеничката азбука на Крсте Петков Мисирков.

  • Големи букви
А
/a/
Б
/b/
В
/v/
Г
/ɡ/
Д
/d/
Ѓ
/ɟ/
Е
/ɛ/
Ж
/ʒ/
З
/z/
Ѕ
/ʣ/
И
/i/
Ј
/j/
К
/k/
Л
/l/
Љ
/ʎ/
М
/m/
Н
/n/
Њ
/ɲ/
О
/ɔ/
П
/p/
Р
/r/
С
/s/
Т
/t/
Ќ
/c/
У
/u/
Ф
/f/
Х
/h/
Ц
/ʦ/
Ч
/ʧ/
Џ
/ʤ/
Ш
/ʃ/
  • Мали букви
а
/a/
б
/b/
в
/v/
г
/ɡ/
д
/d/
ѓ
/ɟ/
е
/ɛ/
ж
/ʒ/
з
/z/
ѕ
/ʣ/
и
/i/
ј
/j/
к
/k/
л
/l/
љ
/ʎ/
м
/m/
н
/n/
њ
/ɲ/
о
/ɔ/
п
/p/
р
/r/
с
/s/
т
/t/
ќ
/c/
у
/u/
ф
/f/
х
/h/
ц
/ʦ/
ч
/ʧ/
џ
/ʤ/
ш
/ʃ/

Правопис

Правопис на македонскиот литературен јазик од 1991

Залагањето за создавање на македонски литературен јазик датира уште од почетокот на XIX век, со појавата на Просветителите. Тие се застапувале за употреба на македонски народен јазик, на кој и ги пишувале своите книги и текстови, а првите книги се со религиска содржина за да ја приближат верата до народот. Од големо значење се залагањата на Јоаким Крчовски, Кирил Пејчиновиќ, и Теодосиј Синаитски, а посебно се истакнуваат Ѓорѓија Пулевски и Крсте Петков Мисирков, кој во својата книга „За македонцките работи“ одвојува статија во која ги изјавува своите ставови за начинот на формирање на македонски литературен јазик. На Првото заседание на АСНОМ, 2 август 1944, е донесен решение за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава. Комисијата за азбука и правопис своите ставови ги формулирала во Резолуција, донесена на 3 мај, а усвоена на 5 мај 1945 година. Заслугата на Блаже Конески за кодификацијата на македонскиот литературен јазик е во тоа што создал „Граматика на македонскиот литературен јазик“, „Речник на македонскиот литературен јазик“, како и „Правопис на македонскиот литературен јазик“, подготвен заедно со Крум Тошев, кој е озаконет на 7 јуни 1945.

Граматика

Удвојување на согласки

Удвоените согласки во македонскиот јазик се две согласки едноподруго во префиксирани зборови, во членувани именки, како и во формите за суперлатив. Како удвоени се јавуваат: т, д, с, з, ј, л, м, в и р.

Именки

Именките во македонскиот јазик бележат определеност и неопределеност, број и род. Определеноста и неопределеноста се остварува со посебни суфикси во зависност од родот на именката и ова е уникатна карактеристика за македонскиот јазик. Бројот е реализиран со еднина и множина на именките и најчесто множината се бележи со суфиксот -и. Исто така, именките во македонскиот јазик бележат три рода и тоа: машки род, женски род и среден род.

Машки род

  • на согласка: стол, леб, рид;
  • на самогласка -а: слуга, студија;
  • на самогласка -о: татко, дедо;
  • на самогласка -е: вујче, Јане, Миле

Роднински имиња:

  • на согласка: брат, братучед, девер, зет, маж, син, свекор;
  • на -е: вујче, тате, чиче, брате. Тие именки се деминутивни образувања со силен израз на интимност;
  • на -о: вујко, дедо, стрико, татко, чичко
  • на -а: шура

Женски род

Вокатив

  1. Кај тросложните и повеќесложните именки на -ица: Горице, мајчице, но и: лисицо, биволицо, кукавицо;
  2. Кај личните имиња на -ка: Ратке; Босилке; Василке, но и: Велико, Љубико итн.
  3. Имињата на -ја: Марија - Марије, Маријо;
  4. сваќа - сваќе; попаѓа - попаѓе
  5. Сите други именки на -а образуваат вокатив само на наставка -о: душо, жено, Ангелино итн.; кума-лисо

Губењето на вокативната форма е покарактеристично за именките од машки род на -а (војвода), но и кај именките од женски род (Емилија, Мимоза, Лиза; Вера место Веро).

Форми на множината:

  • Обична множина: на -и: жена - жени; ноќ - ноќи; Особени форми: раце, нозе;
  • Збирна множина: вода - водје, воѓе; ливада - ливадје, ливаѓе итн.

Среден род

  1. на -о: село, вретено;
  2. на -е: поле, лице, лозје.

Формите за множина: на -а: села, лета, вретена;

  • Посебни форми: рамо - рамена; око - очи; уво - уши; небо - небеса (неба); чудо - чудеса (чуда);
  • Збирна множина: крило - крила, крилје;

Образување на множината од именките на -е: на -је, -ие, -це: множина на -а: лозје - лозја, влијание - влијанија, лице - лица; сите други именки на -е во множината ја добиваат наставката -иња: пиле - пилиња; име - имиња; море - мориња; дете - деца, дечиња;

Вокатив

Вокатив (форма за повикување) се образува од општата форма на именката со наставка -у или-е: мажу, ќелешу, коњу, крају итн.; бику, волку, смоку, човекучовече), јунакујуначе), но: боже, друже, оче; господине, пријателе, мајсторе (кај повеќесложните именки); од именката господ: господи, покрај господе.

Придавки

Придавките во македонскиот јазик се зборови што даваат дополнително значење или опис на именките. Придавките, како и именките, можат да се сретнат во три рода и тоа: придавки од машки род, придавки од женски род и придавки од среден род. Покрај родот, придавките во македонскиот јазик можат да се степенуваат и има три форми: позитив (основна форма), компаратив (префикс по-) и суперлатив (префикс нај-).

  • добар - подобар - најдобар; добра – подобра - најдобра; добро – подобро - најдобро; добри – подобри - најдобри.

Заменки

Лични заменки

Број Лице Основна форма Форми на директниот
предмет
Форми на индиректниот
предмет
Род Долга Кратка Долга Кратка
Еднина I јас мене ме мене ми
II ти тебе те тебе ти
III м. р. тој него го нему му
ж. р. таа неа ја нејзе ѝ
ср. р. тоа него го нему му
Множ I ние нас нè нам ни
II вие вас ве вам ви
III тие нив ги ним им

Лично-предметни заменки

Прашални заменки

  • кој, која, кое, кои; кого, го; кому, му;
  • чиј, чија, чие; чии;
  • што; колкав; каков

Заменки со односно значење: којшто, кој; чијшто, чиј;

Неодредени лични заменки:

  • некој, некого; на некого (некому); некојси; секој; нешто, сешто; сèнешто; сето (синоним на целото, во таква служба не може да стои сè: за сето тоа)
  • кој било; кој да е; кој-годе; што било итн., какав-годе итн., колкав-годе итн.

Одречни заменки: никој; ништо;

Показни заменки:

  • За посочување блиски предмети: овој, оваа, ова, овие
  • За посочување пооддалечени предмети: оној, онаа, она, оние
  • За посочување предмети без просторно определување (освен во некои случаи): тој, таа, тоа, тие.

Заменки-придавки:

  • таков, таква, такво, такви; ваков... онаков... инаков...
  • секаков... некаков... никаков...
  • толкав... олкав... онолкав

Глагол

Глаголите се полнозначни зборови со кои се означува дејство или состојба. Тоа дејство или состојба секогаш е поврзано со некој вршител или носител и со определено верме. Дејства или состојби можат да искажуваат и именкит (спореди: одње, борба, грабеж, настинка), но тие смао ги именуваат дејствата или состојбите, а не ги поврзуваат со конкретниот вршител или со времето на одвивањето.

[[Граматички категории на глаголот]]

глаголот во нашиот јазик се јавува во многу форми со кои се изразуваат повеќе граматички значења или категории. Без да се промени основното, лексичкото значење, преку промената на формата се кажува на времето кога се врши дејството, на начинот на вршењето на дејството, на лицето кое го врши дејството итн. Некои од категориите со кои се карактеризира глаголот се сојственеи само за него, а некои се заеднички и за другите зборовни групи. Потипични глаголски категории се: времето, начинот, лицето, видот, преодноста, залогот (глаголски род), родот, бројот. Дел од овие граматички значења се искажуваат со одделни форми на глаголот (со морфолошки средства), а некои се застапени во неговото основното лексичко значење (лексичко-семантички средства).

[[Категорија време]]

Ова е една од најкарактеристичните глаголски категории. Глаголите можат да го изразуваат дејството не само како процес туку и според моментот на соопштувањето, а тоа е сегашниот момент, сегашноста. Ако дејството се одвива во моментот на зборувањето (читам), се работи за сегашно време. Ако дејството му предоди на моментот на соопштувањето (читав, сум читал), тогаш велиме дека е тоа минато време. Ако се очекува дејството да се врши по моментот на зборувањето (ќе читам), тоа е идно време. Сегашно, минато и идно време се основни глаголски времиња. Покрај нив, постојат и други глаголски времиња кои за ориентација не го имаат сегашниот момент. Таква е, на пример, минато-идно време (ќе читав), кое искажува идност не во однос на сегашноста, туку во однос на некој минат момент. Од словенските јазици, македонскиот јазк, покрај бугарскиот има најмногу глаголски времиња. Тие се: сегашно, минато определено свршено, минато определено несвршено, минато неопределено (свршено и несвршено), предминато, идно, минато0идно или идно прекажано време.

[[Категорија начин]]

За означување на ставот на говорителот се употребуваат форми што се викат начин. Едно исто дејство во еден случај можеме да го прдадеме во вид на соопштение или констатација , во друг случај во вид на заповед или молба, во трет случај како можност за бршење под некаков услов, итн. Ако е дејството предадено во вид на изказ, соопштение, тогаш имаме исказен начин. Со него се зазема неутрален став кон дејството, затоа се предава како реалност. Сите глаголски времиња, по правило, го представуваат исказниот начин. Ако дејството е предадено во вид на заповед, тогаш велиме дека се работи за заповеден начин, а се изкажува со посебни заповедни(императивни) форми на глаголот. Ако го предаваме дејството во вид на можност да се изврши, тогаш станува збор за можен начин. Покрај заповедниот и можнот наин како типични начински форми наспрема кои стои исказниот начин, во македонскиот јазик можеме да разликуваме и други начини или начински значења, но тие не се изкажуваат со посебни форми на глаголот, туку со други средства.

Помошен глагол сум

Сегашно време Минато определено време Минато неопределено време Заповеден начин
сум бидам бев сум бил -
си бидеш беше си бил биди
е биде беше бил -
сме бидеме бевме сме биле -
сте бидете бевте сте биле бидете
се бидат беа биле -

Прости глаголски форми

Сегашно време
а-група и-група е-група
Едн. 1 л. викам носам предам пијам
2 л. викаш носиш предеш пиеш
3 л. вика носи преде пие
Множ. 1 л. викаме носиме предеме пиеме
2 л. викате носите предете пиете
3 л. викаат носат предат пијат

Заповеден начин
а-група и-група е-група
Едн. 2 л. викај носи стој преди кажи пиј
Множ. 2 л. викајте носете стојте предете кажете пијте

Минато определено време
а-група и-група е-група
Еднина 1 л. извикав износив избројав остарев паднав реков умрев измив
2 л. извика износи изброја остаре падна рече умре изми
3 л. извика износи изброја остаре падна рече умре изми
Множина 1 л. извикавме износивме избројавме остаревме паднавме рековме умревме измивме
1 л. извикавте износивте избројавте остаревте паднавте рековте умревте измивте
3 л. извикаа износија избројаа остареа паднаа рекоа умреа измија
а-група и-група е-група
Едн. 1 л. викав носев предев пиев
2 л. викаше носеше предеше пиеше
3 л. викаше носеше предеше пиеше
Множ. 1 л. викавме носевме предевме пиевме
1 л. викавте носевте предевте пиевте
3 л. викаа носеа предеа пиеја

Глаголска л-форма

Несвршени глаголи

  • земал, носел, броел, стоел, плачел, пеел, пиел, идел, наоѓал

Свршени глаголи:

  • зел, донел, избројал, станал, заплачал, испеал, допил, дошол, нашол

Глаголската л-форма во основа е минат партицип. Служи за формирање минато неопределено време.

Минатото неопределено време служи за прекажување на дејства, на кои не сме биле сведоци, туку ни се соопштени од друг. Во прекажувањето најчесто се јавуваат формите за трето лице (Но малу по малу започнаа разговор и таа разбра оти тој бил од Прилеп). Начинот на прикажувањето со минато неопределено време во вакво значење е најобичен во народните прикаски. Во него нѐ воведува веќе самата почетна формула (си бил еден... ) (Си биле двајца браќа, едниот - постариот - женет, а другиот неженет; работата им била трговци.).

Втор случај е кога земаме личен (ироничен или инаков) став кон она што го кажал некој за нас (Јас сум му ги зел парите!). Доста често се јавуваат вакви состави во кои на прекажаната форма во второ или трето лице се надоврзува форма за прво лице, која не е веќе прекажана, ами значи директно соопштување (Ти си дошол, ама јас не сум бил дома.)

Формите за прекажување не им се спротивставуваат само на формите од минатите определени времиња, ами можат да служат и за прекажување на дејства што во директното кажување идат во сегашно време (Тој вели не јадел сега).

Глаголска придавка

Глаголската придавка се образува од сите глаголи: преодни (женет, насмеан) и непреодни (паднат, дојден, беган, шетан), затоа називот “пасивна глаголска придавка” не ѝ одговара. Таа се сврзува со помошниот глагол има, нема во различни временски конструкции: го имам земено, имам дојдено, немам шетано итн. (овде ги губи обележјата на родот и бројот - во овие форми влегува само со формата за среден род еднина).

Наставките за образување на глаголските придавки се две:

-н (-на, -но, -ни); -т (-та, -то, -ти) (втората се придава кај глаголите со општ дел на н, њ: станат, бањат).

Основните вокали се а и е.

Основниот вокал а се среќава кај глаголите од а-група и од е-група, а-раздел:

  • викан, набран, напишан, станат

Глаголски придавки од глаголи со општ дел на н:

  • станат; бањат; гонет, ранет, женет, ценет; викан, беган;

Двојни форми кај глаголските предавки од глаголи со општ дел на н:

  • женет - женат; сменет - сменат

Двојни форми кај глаголските придавки од глаголите, во кои во минато свршено време се губи вокалот од општиот дел:

  • бран - берен; дран - дерен; клан - колен; млен - мелен;
  • бројан - броен; сеан - сеен; кројан - кроен; пеан - пеен итн.

Двојни форми и кај глаголските придавки, кои се образуваат од непрефиксирани глаголи од и-група и е-група (а-раздел):

  • бројан - броен, кројан - кроен; пеан - пеен; сеан - сеен; (кај префиксираните глаголи единствено можни: испеан, насмеан, посеан)

Глаголски прилог

Глаголскиот прилог се образува од несвршени глаголи со наставка -јќи: викајќи, бегајќи, носејќи, смеејќи се итн. Формата бидејќи се употребува како сврзник.

Основниот вокал е а (во а-група) и е - во другите две групи.

а-група и-група е-група
префрлајќи одејќи пиејќи
доаѓајќи носејќи бришејќи

Глаголска именка

Глаголската именка се образува од несвршени глаголи (како и глаголскиот прилог) со наставка -ње: викање; бегање; дерење - драње; спиење - спање итн.

Во македонски има и извесен број глаголски именки на -ние од свршени глаголи (за апстрактни поими) - решение, образование, издание.


Сложени глаголски форми

Форми со сум
  • Минато неопределено време (перфект)
    • Свршено
а-група и-група е-група
Едн. 1 л. сум извикал сум износил сум минал сум измил
2 л. си извикал си износил си минал си измил
3 л. извикал износил минал измил
Множ. 1 л. сме извикале сме износиле сме минале сме измиле
2 л. сте извикале сте износиле сте минале сте измиле
3 л. извикале износиле минале измиле
    • Несвршено
а-група и-група е-група
Едн. 1 л. сум викал сум носел сум минел сум миел
2 л. си викал си носел си минел си миел
3 л. викал носел минел миел
Множ. 1 л. сме викале сме носеле сме минеле сме миеле
2 л. сте викале сте носеле сте минеле сте миеле
3 л. викале носеле минеле миеле
  • Предминато време (плусквамперфект)
Еднина 1 л. бев дошол
2 л. беше дошол
3 л. беше дошол
Множина 1 л. бевме дошле
2 л. бевте дошле
3 л. беа дошле


Сложени форми со ќе
  • Идно време (футур)
Негирање:
Еднина 1 л. ќе одам ќе влезам нема да одам нема да влезам
2 л. ќе одиш ќе влезеш нема да одиш нема да влезеш
3 л. ќе оди ќе влезе нема да оди нема да влезе
Множина 1 л. ќе одиме ќе влеземе нема да одиме нема да влеземе
2 л. ќе одите ќе влезете нема да одите нема да влезете
3 л. ќе одат ќе влезат нема да одат нема да влезат

Се употребуваат негирани форми и со не: не ќе одам итн.


  • Минато идно време
Негирање:
Еднина 1 л. ќе одев ќе влезев не ќе одев немаше да одам
2 л. ќе одеше ќе влезеше не ќе одеше немаше да одиш
3 л. ќе одеше ќе влезеше не ќе одеше немаше да оди
Множина 1 л. ќе одевме ќе влезевме не ќе одевме немаше да одиме
2 л. ќе одевте ќе влезевте не ќе одевте немаше да одите
3 л. ќе одеа ќе влезеа не ќе одеа немаше да одат


  • Идно прекажано време
Негирање:
Еднина 1 л. ќе сум одел ќе сум влезел не ќе сум одел немало да одам
2 л. ќе си одел ќе си влезел не ќе си одел немало да одиш
3 л. ќе одел ќе влезел не ќе одел немало да оди
Множина 1 л. ќе сме оделе ќе сме влезеле не ќе сме оделе немало да одиме
2 л. ќе сте оделе ќе сте влезеле не ќе сте оделе немало да одите
3 л. ќе оделе ќе влезеле не ќе оделе немало да одат

Условен начин
Еднина 1 л. јас би донел јас би носел
2 л. ти би донел ти би носел
3 л. тој би донел тој би носел
таа би донела таа би носела
тоа би донело тоа би носело
Множина 1 л. ние би донеле ние би носеле
2 л. вие би донеле вие би носеле
3 л. тие би донеле тие би носеле

Сложени форми со помошниот глагол има

Со помош на помошниот глагол има се утврдува еден момент (на соопштувањето или некој минат или иден момент) до кој се сведува извршеноста на едно дејство или претпоставката за неговото извршување: имам дојдено значи дека дејството е извршено воопшто во минатото до моментнтов на соопштувањето; имав дојдено значи дека дејството се извршило до еден одреден момент во минатото; ќе имам дојдено значи дека се претполага извршувањето на дејството пак до одреден момент во идноста. Со времињата, во кои влегува л-формата од помошниот глагол, се предава прекажано дејство. Поради блискост во значењето, формите со има/нема и тие на минатото неопределено време можат да се заменуваат (временски нефиксирано дејство) (Се немаме видено две години = Не сме се виделе две години). Заменувањето не е вообичаено кога дејството поблиску се сврзува со одреден момент или период во минатото (Сум ти станал ноќеска. Не би одело “Ти имам станато ноќеска”).

  • Примери:
  • имам (немам) земено, влезено, носено, бегано; имаш (немаш) земено итн.
  • имав (немав) земено итн.
  • сум имал (немал) земено итн.
  • ќе имам (не ќе имам, нема да имам) земено итн.
  • ќе имав (не ќе имав) земено итн.
  • ќе сум имал (нема да сум имал, не ќе сум имал) земено итн.
  • (не) би (сум) имал земено итн.

Македонскиот јазик во пописната регулатива на САД

Во инструкциите за попишувачите во САД се наведува македонскиот јазик во различен контекст. Така на пример:

  • Во пописните инструкции од 1910 година, во секцијата "ABILITY TO SPEAK ENGLISH" став 137. стоело "Do not write "Macedonian," but write Bulgarian, Turkish, Greek, Servian, or Roumanian, as the case may be.", - „Не пишувајте македонски, пишувајте бугарски, турски, грчки, српски или романски, според случајот.“[3]
  • Во пописните инструкции од 1920 година, македонскиот јазик е додаден на листата со странски јазици како посебен јазик.[4]
  • Во пописните инструкции од 1930 година македонскиот јазик повтроно е на листата со странски јазици како посебен јазик.[5]

Со анализа на овие пописни инструкции може да се заклучи дека до 1910 година постоело едно гледиште во американското опшество во врска со македонскиот јазик, а од 1920 година администрацијата го подржува гледиштето дека македонскиот јазик е засебен јазик кој го говорат некои од емигрантите од Европа. Подоцна во листата "C2SS Language Codes" на македонскиот јазик му е придружен кодот 2630.

Видете исто така

Референци

  1. Hill, P. (1999) "Macedonians in Greece and Albania: A comparative study of recent developments". Nationalities Papers. 27(1)
  2. Focus News (July 4, 2003) Kosovo Government Acquires Macedonian language and grammar books for Gorani Minority Schools
  3. IPUMS USA. „1910 Census: Instructions to Enumerators“. [Страницата е посетена на 2007-06-07].
  4. IPUMS USA. „1920 Census: Instructions to Enumerators“. [Страницата е посетена на 2007-06-07].
  5. IPUMS USA. „1930 Census: Enumerator Instructions“. [Страницата е посетена на 2007-06-07].

Надворешни врски